15 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

30 лиценцирани психолози нудат бесплатно советување на девојките кои биле злоупотребени во „Јавна соба“

Најчитани вести

Разговор.мк , онлајн платформа за анонимно советување со лиценцирани психолози која што е мрежа од над 30 лиценцирани психолози се понуди да овозможи бесплатно советување и психолошка поддршка на сите девојки чија доверба била злоупотребена од членовите на групата „Јавна Соба“. Во телефонски разговор за МКД.мк Георги Михаилов вели дека целта е да им се помогне на овие девојки и тие да сфатат дека не се сами.

Сакаме ова да допре до што е можно поголем дел од жртвите за да знаат дека има безбедно место на кое може да добијат поддршка. За било какви дополнителни прашања сите кои имаат потреба, а се нашле во мрежата на „Јавна соба“ можат да се обратат на телефонот 078 368 313 или да пратат мејл на адресата support@razgovor.mk за да побараат помош.

Социјалните мрежи со денови вријат од најразлични коментари за повици за интервенирање и решавање на случајот „Јавна соба“ во кој се објавуваат и украдени фотографии од социјалните мрежи со податоци за девојките и образложенија дека наводно нуделе сексуални услуги.

Денес МВР приведе две лица, а се трага и по останатите членови.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести