19.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

30 години потоа… веќе нема да има Ford Mondeo!

Најчитани вести

Едно е сосема јасно. А тоа го потврдуваат и бројките. Средната класа повеќе не е привлечна за клиентите како порано. Барем не во контекст на класични верзии на каросеријата

Ова, за жал, доведува до повлекување од понудата за вакви автомобили. Најновата жртва е Ford Mondeo. Последните примероци ќе ги напуштат фабриките во 2022 година, а веста е директно потврдена од претставници на американскиот бренд.

Точно 30 години по претставувањето на првата генерација, на овој модел му ближи крајот. Интересот за сегашното Mondeo е слабо, (на генерално ниво), но не може да се нарече и мало. Ford има намера да се фокусира на електрифиација на своите модели, а тоа значи до 2026 година, секој патнички модел ќе добие хибридна варијанта, а четири години подоцна ќе добие и електричен погон. Тоа е храбар, но и неопходен потег поради сè построгите стандарди за заштита на животната средина.

Постоеше сомнеж дека името на овој автомобил ќе остане, но како нов теренец, а не лимузина или караван. Сепак, портпаролот на марката ги демантира овие гласини, иако е можно Mondeo да се реинкарнира во иднина (што веќе и се случи на Puma).

Ford Mondeo 30 години

Ford Mondeo 1992-1996 година

Треба да се присетиме како изгледал „животот“ на средната класа на Ford. Деби во 1992 година. Производителот бил инспириран од латинскиот збор „mundus“ што значи „свет“. Воедно тука некаде го изразил и концептот за продажба – автомобилот да се нуди на глобално ниво.

Ford Mondeo 1996-2000 година

Втората генерација на Mondeo се појавува четири години подоцна. Донесува освежен дизајн и еволуција. Некои тоа го доживеале како фејслифтинг и всушност и не дека не биле во право. Сепак, малку подобар од аспект на безбедноста и со подобра опрема. За прв пат во историјата се појавува и спортска варијанта ST200.

Ford Mondeo 2000-2007

Третата генерација веќе е револуција – и според стилот и според квалитетот и според возните карактеристики.  Вреди да се додаде дека го освојува второто место на европскиот избо за „Автомобил на годината 2001. Врвната верзија на добива 20 коњски сили повеќе од претходникот. Периодот на производство на моделот трае од 2000 до 2007 година.

Ford Mondeo 2007-2010 година 

Ford Mondeo 2011-2014

Ford Mondeo 2015-2017 година

Четвртата генерација  веќе се одликува со практични вредности. Нудеше и нуди многу пространа кабина и голем багажникот. Интересно е тоа што користи дизел мотори PSA: 2.0 HDi и 2.2 HDi. Опсегот вклучува седан, караван и хечбек.

Ford Mondeo 2019-

Последниот понуден Mondeo во моментов се појави во САД во 2012 година – на неговата премиера во Детроит. Неговото производство во Европа запоќна 1,5 години подоцна. Автомобилот најпрво беше достапен во варијантата Vignale, која се стреме кон премиум класата. Немаше официјална спортска верзија, иако беше понуден мотор со 240 КС 2.0 Ecoboost.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести