16 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

3 најлесни начини како да го зајакнете имунитетот во доба на Ковид-19

Најчитани вести

Одржувањето на силниот имунитет е секогаш главен столб на здравјето, но во доба на пандемијата на коронавирус неговото зајакнување е поважно отколку претходно.

Овие навики ќе ви бидат драгоцени не само во заштитата од Ковид-19, туку и кога станува збор за обична настинка, грип и други заболувања.

Спијте доволно

Безбројни студии ја докажуваат врската помеѓу спиењето и силниот имунитет. Една од нив покажала дека токму сонот влијае на создавање поголем број „Т“ клетки, „убијци“ на вирусот кои организмот ги произведува за да се одбрани од болеста.

Јадете намирници во разни бои

Не случајно се вели дека ние сме тоа што го јадеме. Вашиот организам ќе биде многу подобро „опремен“ за борба против инфекциите и вирусите ако на вашата маса секогаш има храна со силни бои – жолти лимони, црвени пиперки, зелена брокула, портокалова куркума или тиква… Тоа не значи дека не смеете повремено да изедете и по некој хамбургер, но запомнете – важно е она што постојано го јадете!

Земајте внимателно одбрани суплементи

Земањето на разни витамини не е паметно решение бидејќи со тоа го оптоварувате целиот организам, особено бубрезите. Добро проучете ја својата исхрана и проверете дали во неа се доволно застапени сите микронутриенти.

Со тоа, секогаш е добра препорака да земете дополнителна доза витамин Ц, но не претерувајте. Што се однесува до витаминот Д, тој речиси на сите нѝ недостасува особено во зимскиот период. Исто така се препорачуваат и мали количини цинк и селен како додатоци во исхраната.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести