Постојат многу еколошки начини на транспорт. Еден од нив е да користите јавен превоз, друг е да користите велосипед, но ако мора да возите автомобил, тогаш еве уште неколку начини на кои можете да на практичен и непосреден начин да влијаете на намалување на неизбежните емисии CO2:
• Избегнувајте го наглото и непотребно зголемување на брзината. Ваквиот стил на возење ја зголемува потрошувачката на гориво, а со тоа влијае и на зголемување на емисиите на јаглерод диоксид.
• Притисокот на гумите и сервисирање. Одржувањето на пропишаниот притисок на гумите може да ја намали потрошувачката на гориво до 3%. Исто така, користењето на соодветно моторно масло, како и соодветно одржување на моторот, како на пример одржување на сензорите за кислород во исправна состојба, може да ја зголемат ефикасноста на потрошувачката на гориво до 40%.
• Избегнувајте сообраќајни гужви. Кога сте заглавени во сообраќај не само што непотребно трошите време, туку трошите и гориво, а со тоа непотребно ја зголемувате емисијата на CO2. Затоа препорачуваме да користите информации за состојбата на патиштата и сообраќајни апликации, и при зголемени гужви, да почекате или да изберете поинаква рута за возење.
Дополнителни начини за да ја намалите потрошувачката на гориво, а со тоа и емисијата на CO2 е да ја отстранете вишокот тежина од вашиот автомобил и да користете контрола на патувањето или едноставно да засадите цвет за подобра свет.
Од вчера до 31.03.2023 година, секоја дама корисник на технички преглед во АМСМ станицата во Скопје-Центар, во соработка со Sparkasse Leasing, ќе добие уникатен подарок – картичка цвет која содржи семе на пркос. Картичката се става под тенок слој земја, се полева и од неа ќе изникне пркос. На овој начин секоја дама ќе има можност да компензира барем мал дел од емисиите на CO2 кои ги предизвикува и на тој начин да даде свој личен придонес кон заштита на животната средина.