Home » 29 пратеници од стариот состав ќе живеат на сметка на државата

29 пратеници од стариот состав ќе живеат на сметка на државата

by Журнал.мк

На 29 пратеници од минатиот состав денеска собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата им го прифати барањето за апанажа.

Поднесени се и други барања што се разгледуваат, информираше претседателот на Комисијата Ѓорѓија Сајкоски.

Согласно законските одредби, апанажата е во висина на платата на пратениците и ја исплаќа Собранието односно организацијата во која лицето ја вршело функцијата.

Според информациите од Собранието, 57 пратеници од минатиот состав имаат право на апанажа бидејќи не се дел од новиот состав. Рокот за поднесување барања на апанажа започна на денот на верификација на мандатите на членовите на новиот парламентарен состав 2024-2028, а завршува за 30 дена односно на 28 јуни.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More