15.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

29 новозаразени од коронавирус, нема починати

Најчитани вести

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.887 тестирања, а регистрирани се 29 нови случаи на Ковид-19, и тоа од: Скопје – 9, Кичево – 5, Куманово и Тетово по 4, Прилеп и Охрид по 2 и по еден случај во Штип и Струмица.

Во изминатото деноноќие нема починати лица, а регистрирани се 34 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 18, Прилеп – 4, Куманово и Тетово по 3, Битола – 2 и по еден оздравен во Кичево, Гевгелија, Свети Николе и од Делчево.

Досега во земјата се направени вкупно 838.323 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 155.568, бројката на оздравени пациенти е 149.676, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 420.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести