-0.2 C
Skopje
Thursday, October 28, 2021

Интервју со “Signori”, бренд со најсовремени и најквалитетни одела

Најчитани вести

1.Од каде идејата за создавање на бренд од овој тип?

Македонскиот пазар е лимитиран во поглед на машката мода.Тешко се наоѓа нешто уникатно, по светски стандарди,со убави матерјали и кроеви , а и онаму каде што има интересни парчиња, нема бројчиња за нас со атлетска градба. Или се тесни во рамената,или се широки во струкот.Нашиот проблем го делат многу момци во Македонија па самата потреба не однесе до раѓањето на брендот ,,Сињори,, .Почнавме со едно одело за нас,а побарувачката не доведе до идеа да го правиме тоа и за пошироката маса.

2.Дали во Signori може да се најдат и купат и готови производи? Како изгледа целиот ваш процес на работа со клиент?

Во Signori сите производи кошто ги нудиме се изработуваат исклучиво по мерка. Целиот процес започнува со закажување на консултација, сите клинети кои сакаат да не посетат најдобро е претходно да имаат закажано консултација за да може убаво да им се посветиме без да бидеме прекинувани. За време на таа Signori консултација се избираат материјали се дефинира дизајнот на оделото за на крај да се земат потребните мерки.
Процесот на изработка на едно одело во Signori изнесува од 3 до 4 недели со претходно две до три проби .

3.Какви производи се изработуваат во Signori ? Што се може да понудите на пазарот?

Во Signori покрај изработка на секаков вид на сакоа и одела за мажи исто така изработуваме и елегантни смокинг одела , капути , машки кошули , машки кожни чевли по нарачка , фармерки и сега најнов Signori производ кожни патики .
Исто така нудиме секаков вид на украсни детали како вратоврски , лептир машни , украсни марамчиња и манжетни за кошула .

4.Колку време постои Signori на модната сцена во Македонија?

Signori е бренд кој постои веќе 6 gодини на македонскиот пазар .

5.Која е тајната за изработка на едно одело по мерка ?

Тајната за изработка на добар костим најпрво лежи во меѓусебната комуникација со нашите клиентi и заедничкото креирање на крајниот производ. Најбитниот дел при креирањето на костумот е правилниот крој и правилната изработка. Еден костум мора да лежи на телото според сите принципи коишто истиот ги налага. Постојат многу правила кои нашите вработени секогаш ги пренесуваат на нашите клиенти за тоа како правилнот треба да ви стои еден костум.

6.Каков тип на материјали се користат при изработка на еден костум ?

Најдобрите се рабира. Во Signori се работи со премиум класа на материјали за изработка на одела , кошули и чевли.

За оделата ги користиме Англискитe Scabal материјали компанија која постои повеќе од 75 години и располага со најдoбрите материјали во светот изработени исклучиво од префинета волна , волна свила , 100% кашмир , Мако Памут(најдобриот египетски памук за узработка на одела) , потоа Loro Piana кои ни ностат материјали кои се Rain and Storm систем , што значи дека тие материјали се водоотпорни. За кошули Египетски памук и Гецнер Австирски памут, а за чевли исклучиво кожа со ортопетска влошка.

7.На што највеќе обрнувате внимание кога станува збор за вашиот бренд ? Квалитет, реклама, иновативност ? Кон што и кому се посветувате најмногу?
Пред се можеме да кажеме дека квалитетот на нашите производи е на прво место. Секогаш работиме на се подобар производ на се подобри материјали и репро материјали, бидејќи во нашата компанија 90% од клинетите не доаѓаат преку препокара на други клиенти. Потоа секако добрата и еднаква грижа за сите наши клиенти. Кога веќе имаме одличен производ стартуваме со добра реклама а иновативноста е секогаш вклучена во секоја наш иден клиент и секоја наша наредна колекција.

8.Што е она што го прави Signori различен од другите брендови за елегантни костуми ?

Квалитетот на изработката , уникатноста на материјалите и нашите модели , грижата за нашите клинети , плус е секако тоа што ние работиме исклучиво гардероба по мерка за мажи кои доаѓаат кај нас на веќе закажан термин и во пријатна и опуштена атмосфера можат да учествуваат во изборот на своето наредно одело со заедничка консултација. Ние како бренд исто така ги едуцираме нашите кленти како правилно да направат комбинации ако треба да одат на состанок или на свадба , правилна едукација како да ја врзат својата вратоврска , како да го наместат украсното џебно марамче.

9.Дали брендот Signori би можеле да го најдеме надвор од Македонија, и каде поточно ?

Signori oд својот почеток паралено може да го најдете и во Cambridge UK , моментално showroom- от во Србија ни се реновира и активно се работи пред се за да најдеме соодветен персонал . Исто така скоро секоја втора недела имаме кампања наречена Travelling Taylorкаде што наши претставници одат во други држави каде претходно имаме закажани кленти и нашиот тим држи презенатција за изборот на материјали ,различноста во моделите и на крај земањето на мерки .

10.Моден совет за нашите читатели ?.

Секој маж мора да поседува минимум две одела по мерка во кои ќе се чувствува комотно , во соодветна комбинација со кошула по мерка и добри кожни чевли. За бизнис состаноци секогаш задржете се на основните бизнис формални бои како што се тегет , светло и темно сиво .

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com