Дали Максим Димитриевски повторно ќе трча за градоначалник или ќе оди во „повисока политика“?

by Журнал.мк

Дали Максим Димитриевски повторно ќе трча за градоначалник или ќе оди во „повисока политика“? Ова беше една од темите која ја разговаравме утрово на радио Лидер, со првиот човек на ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски.

Утрово во нашето радио гостуваше градоначалникот на Општина Куманово и лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски. На новинарско прашање „Дали Максим Димитриевски повторно ќе трча за градоначалник или ќе оди во „повисока политика“, тој го кажа следново:

“Не сум пресекол или пак имам донесено одлука дали на следните избори ќе бидам кандидат за градоначалник на Куманово. Тоа е во втор план. Планирам да ги прашам граѓаните на Куманово како тие размислуваат. Со анализи, но и со непосредни анкети преку месните заедници ќе донесам одлука. Каде ќе бидете во политиката е во втор план. Функцијата не го прави човекот, туку човекот ја прави функцијата, вели Димитриевски за Радио Лидер.

Тој додаде дека верува дека со добро менаџирање еден ден можеме да кажеме дека Куманово е, и ќе биде еден европски град.

Тој одговори зошто по изборите останал градоначалник на Куманово и не отишол во централната власт.

Многу ќе беше политички некоректно веднаш по изборниот процес, јас како претседател на нова политичка партија да излезев од Куманово и да речев „да јас ќе бидам дел од централната власт“. Тогаш се ќе се срушеше како кула од карти и ќе ги разочарав граѓаните дека едноставно бркам позиција за самопозиционирање, а не концепт на нов и здрав политички субјект, заклучува Димитриевски.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk