8.8 C
Skopje
Saturday, March 25, 2023

230.000 незадоволни се собраа на уште еден протест во Хонг Конг

Најчитани вести

Стотици илјади незадоволници се придружија во најновиот протест во Хонгконг против контроверзниот закон за екстрадиција, објавија светските новински агенции.

Маршот, сепак, се разликуваше од претходните, бидејќи демонстрантите се обидуваа да го привлечат вниманието на кинеските туристи со предавање на барањата.

Организаторите објавија дека учествувале околу 230.000 луѓе, а според локалната полиција, тие биле 56.000 луѓе.

Најмалку 1 милион луѓе во Хонг Конг учествуваа во последните протести што го парализираа градот.

Предлог-законот за екстрадиција според критичарите ќе го поткопа владеење на правото во Хонгконг и ќе му даде на Пекинг овластувања да гони активисти во континенталните судови, кои се контролирани од Комунистичката партија.

Постојано се обидуваат да создадат немири против влади кои не им се допаѓа … предизвикуваат беда и хаос во Латинска Америка, Африка, Блискиот Исток и Азија

Државните медиуми во Кина ги обвинија западните влади за вмешување во Хонг Конг.

Стотици демонстранти опседнаа и упаднаа во парламентот на Хонгконг во понеделникот по демонстрација со кои ја одбележа годишнината од враќањето на кинеското управување во 1997 година под формула “една земја, два системи”, која вклучува права и слободи кои не постојат во Кина, вклучувајќи го и правото на протест.

Најнови вести