Сообраќајната полицијата вчера во Скопје изрече 155 казни, најмногу за брзо возење, но казнети се 23 лица кои возеле под дејство на алкохол, а 23 лица управувале со моторни возила без возачка дозвола.
Министерството за внатрешни работи информира дека вчера н територија на град Скопје изречени се вкупно 155 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 34 санкции, 23 мерки за возење без возачка дозвола, 16 санкции за технички неисправни возила.
Изречени се 23 мерки за возење под дејство на алкохол, две санкции за зборување на мобилен телефон, шест мерки за некористење на сигурносен појас, 10 санкции за возач почетник, четири санкции за минување на затворен сигнал црвено светло.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредува МВР.