Home » 23 години од масакрот кај Вејце

23 години од масакрот кај Вејце

by Журнал.мк

Денес се одбележуваат 23 години од масакрот кај Вејце, најкрвавиот и најбруталниот масакр во Македонија.

Масакрот се случи на денешен ден, 28 април 2001 година, пред 23 години во 17:45 часот откако од заседа и ѕверски биле убиени, а потоа масакрирани и живи запалени осуммина специјалци и полицајци припадници на специјалните единици „Волци“ и на „Посебната единица на СВР Битола“. Покрај осуммина убиени, имало и шестмина повредени. При нападот, од колоната успеало да се извлече последното возило и да јави за невидениот масакр.

Иако нападнати од заседа, војниците и полицајците давале получасовен отпор, бранејќи го суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија!

Во масакрот загинаа: Игор Костески (26) од Скопје, Роберт Петковски (27) од Скопје, Бобан Трајковски (28) од Куманово, Миле Јаневски (30) од Македонска Каменица, Илче Стојановски (24), Кире Костадиновски (24), Бошко Најдовски (24) и Марјан Божиновски (27), сите од Битола.

Делегација на Достоинство утрово положи букет свежо цвеќе и запали осум свеќи во чест и помен на осумтемина загинати бранители убиени во крвавата заседа кај с.Вејце.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More