18.8 C
Skopje
Saturday, April 1, 2023

23 амбасади се без амбасадори

Најчитани вести

23 амбасади на Македонија ширум светот се без амбасадори. Министерот за надворешни работи, Никола Димитров и претседателот Стево Пендаровски продолжуваат со консултациите за назначување на 19 амбасадори од кариера. Од Министерството за надворешни работи за Алсат информираат дека процесот е во завршна фаза и дека откако ќе се изберат најдобрите опции, ќе бидат преземени сите активности предвидени со Закон за затворање на процесот.

Министерство за надворешни работи
– Од 57 дипломатско – конзуларни претставништва, 23 амбасади се без амбасадори
– Продолжуваат консултациите со Претседателот за назначување 19 амбасадори
– Процесот е во завршна фаза

Од Кабинетот на Претседателот признаваат дека консултациите продолжуваат, но без да се дадат дополнителни детали. Најголемата опозициска партија, ВМРО ДПМНЕ, апелира до Владата да не назначува амбасадори во важните дипломатски претставништва, оти ако оваа партија дојде на власт по изборите ќе ги разреши истите.

Поранешниот министер за надворешни работи од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Милошоски рече дека неговата партија не се спротивставува на евентуалното назначување на дипломати од кариера, како што е Шпреса Јусуфи, која според него е заинтересирана за амбасадор во Косово или Рами Реџепи за амбасадор во Рим. Но, за неговата партија е неприфатлива Теута Арифи да биде назначена за амбасадор во Вашингтон, Дане Талевски во НАТО, Мишо Докмановиќ во Израел и Сашко Насев во Софија. Премиерот веќе потврди дека се разговарало за двајца од нив. Теута Арифи не ги криеше своите амбиции да биде назначена за амбасадор, но дека очекува да зборува за тоа, откако ќе заврши мандатот како градоначалник на Тетово. 23 амбасади се без амбасадори долго време, заради несоработката со поранешниот претседател Ѓорге Иванов.

Izvor: Alsat-M

Најнови вести