Ивана добила орган од трагично починато девојче, а наскоро ќе роди ќерка која ќе го носи нејзиното име

by Журнал

Главната причина поради која Ивана Јокшиќ (32) од Белград пред шест години беше ставена на листа на чекање за нов црн дроб е нејзината желба еден ден да стане мајка, што немаше да биде возможно доколку не беше успешно подложена на трансплантација, пишува курир.рс.

Соништата на Ивана наскоро ќе станат реалност, бидејќи и покрај лековите што треба да ги пие до крајот на животот, со сите стравови и нервози, по многу солзи и болки, таа сега е во седмиот месец од бременоста, а доколку роди ќерка , гордо вели дека ќе и се вика Софија, по трагично починатото петнаесетгодишно девојче, чиј црн дроб го доби во 2018 година.
Ивана до пред пет години имала повремени проблеми со црниот дроб, а потоа пред летото 2018 година пожолтела.

„Кожата ми ја смени бојата, бев целосно пожолтена. Тогаш знаев дека е нешто сериозно. Параметрите што ја покажуваат состојбата на црниот дроб не беа како што треба, поради што отидов на преглед во Универзитетскиот клинички центар на Србија (УКЦС), верувајќи дека ќе примам некоја терапија и тоа беше се. Не ми падна на памет дека наскоро ќе се најдам на списокот за трансплантација на органи. Докторката на Клиниката не ми кажа ништо, само ме упати на разни тестови, па отидов во друга институција да побарам мислење. Таму докторот директно ми кажа дека ми треба трансплантација ако сакам да живеам нормално и еден ден да станам мајка“, ја започнува својата приказна Ивана која моментално е во седмиот месец од бременоста.
Таа била хоспитализирана во август.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk