Во текот на изминатата вечер (12/13.08.2023) во периодот од 23.00 до 05.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 22 возачи. За време на контролата биле санкционирани и 25 други видови прекршоци.
Денеска во периодот од 08.00 до 14.00 на територијата на град Битола била спроведена локална акциска контрола за брзина при што санкционирани се 24 возачи кои ја надминале дозволената брзина.Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила, информираат од МВР.