-2.2 C
Skopje
Monday, February 6, 2023

22-годишно момче од Македонија загина во сообраќајка во Ханиоти

Најчитани вести

22-годишно момче од Македонија загина во сообраќајна несреќа што се случила утрово во 6.30 часот по локално време на Халкидики, во Грција. Уште едно 21-годишно момче е повредено во сообраќајката и со скршена рака е сместено во болница. Според неофицијалните информации, и двајцата биле од Гевгелија.

Сообраќајката се случила на патот Полихроно-Ханиоти, кога сега починатото 22-годишно момче, од непознати причини, изгубило контрола над возилото и тоа се превртело, пренесува „Халкидикињуз“. Возачот бил на летување на Халкидики, загинал на самото место, а излетал низ шофершајбната.

Совозачот во автомобилот, 21-годишникот со повреди, е префрлен во болницата во Полигиро.

Истрага за несреќата води полицијата од Неа Мудања.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести