Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 219 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 59 санкции, 70 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, 11 санкции за возење без возачка дозвола.
Изречени се 10 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, шест санкции за возење под дејство на алкохол, 45 за непрописно паркирање.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.