14.8 C
Skopje
Sunday, October 2, 2022

216 сообраќајни прекршоци во Скопје, 77 санкции за прекршоци што ги прават пешаците

Најчитани вести

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (24.02.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 216 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 37 санкции, 77 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, 14 санкции за возење без возачка дозвола.

Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон, пет мерки за возење под дејство на алкохол, четири санкции за возач почетник, шест санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), четири за технички неисправни и нерегистрирани возила, 44 за непрописно паркирање.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com