Home » 21 Maрт – ОУ „Иднина“- Скопје со креативни работилници ќе го одбележи Денот на лицата со Даунов синдром

21 Maрт – ОУ „Иднина“- Скопје со креативни работилници ќе го одбележи Денот на лицата со Даунов синдром

by Журнал.мк

Посебното основно училиште „Иднина“-Скопје кое е трансформирано во Основно училиште со ресурсен центар, преку повеќе активности и работилници се приклучува на одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром и на Денот на пролетта и екологијата – 21 Март.

Училиштето одбележува и патронат, односно 50 години од постоењето и вршење на воспитно-образовна дејност со ученици со посебни образовни потреби како и една година основно училиште со ресурсен центар за поддршка на инклузивното образование.
„Со цел да ја зголемиме свесноста за учениците со попреченост и нивна поголема вклученост во општетсвото, реализиравме креативна работилница под мотото „Нашето виножито“ во која учествуваа учениците вклучени во редовна настава со образовни асистенти во вкупно 78 основни училишта од Скопскиот и Североисточниот регион. Учениците учествуваа и во изработка на уметнички дела како дел од проектот „Students with special needs are smiling with art therapy“, финансиски поддржан од Турската национална агенција за спроведување Еразмус проекти“, соопшти Основното училиште со ресурсен центар „Иднина“-Скопје.

Овој проект по повод одбележувањето на денот на патрониот празник се спроведува во партнерство со три основни училишта од Романија, Португалија и Турција и едно посебно училиште од Литванија.

Основното училиште со ресурсен центар „Иднина“- Скопје продолжува посветено да се развива и да работи во својата воспитно-образовна дејност во насока да обезбеди подеднаков пристап до образование на секое дете.

„Сето ова го правиме како поддршка на инклузивното образование преку обезбедување услуги во редовните основни училишта како што се образовна асистенција, индивидуална поддршка на ученици со специфични методи и техники на работа, но и поддршка на заедницата во вклучување на децата со потешкотии во секојдневните активности“, се наведува во соопштението.

Отворен ден на ресурсниот центар со изложба од изработките од креативните работилници по повод патрониот празник ќе се организира под мотото „Разбери…прифати…сакај…“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk