13.8 C
Skopje
Sunday, September 19, 2021

2020 Lotus Evora GT дебитира со поголема моќност и помала тежина

Најчитани вести

Погонуван од 3,5 литарскиот V6 мотор, новиот спортски автомобил доаѓа со повеќе моќност, односно со 416 коњски сили и 430 Nm вртежен момент за верзијата со рачен менувач, додека пак кај таа со автоматски, вртежниот момент изнесува 450 Nm.

Во споредба со Evora 400, Evora GT тежи дури 33 килограмi помалку, каде 22 доаѓаат од изборниот Carbon Pack, кој додава предна плоча од јаглеродни влакна, покривен панел и едноделна задна врата со интегриран спојлер и дифузер. Доколку се избере опционалниот титаниумски издувен систем, автомобилот се олеснува за дополнителни 10 килограми, со што се добива вкупна тежина од 1410 килограми. Кон намалувањето на тежината допринесуваат и алуминиумските 19-инчни предни и 20-инчни задните фелни, достапни во сребрена или црна боја.

Evora GT

Возачите можат да изберат од четири режими за контрола на стабилноста за да го прилагодат искуството во возењето: Drive, Sport, Race и Off. Вториот ги исклучува сите електронски асистенти, додека режимите Sport и Race го зголемуваат одговорот на гасот и дозволуваат почесто пролизгување на задните тркала.

Во поглед на внатрешноста, Evora GT доаѓа со црна внатрешност со алкантара завршетоци и контрастно шиење. Инфозабавниот систем е изведен преку 7-инчен екран, кој подржува Apple CarPlay и Android Auto, како и поврзување со Bluetooth и навигација./avtoplus.mk/

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com