12 C
Skopje
Saturday, February 27, 2021

2020 Citroen C5 Aircross Hybrid

Најчитани вести

Citroen ја лансираа новата plug-in хибридна верзија на нивниот C5 Aircross, која ќе има почетна цена од 41 000 eвра, а чии први испораки се очекуваат во средината на 2020-та.



Новиот Citroen C5 Aircross Hybrid е напојуван од 1.6 литарски 4-цилиндричен бензински мотор од 180 коњски сили, 13.2kWh литиум-јонски батериски пакет и електричен мотор и има вкупна моќност од 225 коњски сили и 320Nm вртежен момент. Од Citroen тврдат дека овој систем нуди потрошувачка од 70км/л, СО2 емисии од само 39г/км, и домет само со електричниот мотор од 50км.

Како и конвенционално напојуваниот 2.0 литарски PureTech бензински мотор, и хибридниот ќе доаѓа со 8-брзински автоматски менувач како стандард.

Кабината ќе биде понудена исклучиво со Advanced Comfort седиштата на Citroen, а поради батерискиот пакет, просторот во багажникот е намален од 780 на 600 литри.

Citroen C5 Aircross Hybrid ќе има уникатна опрема која не е понудена кај конвенционалниот модел, а која вклучува трим на екстериерот во „анодизирана сина“, редизајниран ретровизор без рамка, и нова графика на 12.3 инчната дигитална инструмент табла и 8-инчниот infotainment систем.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести