Home » 2018 сообраќајни прекршоци изминатите три дена, 256 за брзо возење

2018 сообраќајни прекршоци изминатите три дена, 256 за брзо возење

by Журнал.мк

Во изминативе три дена (13./14./15.05.2025) во рамки на реализираните сообраќајни контроли што полициските службеници во сите сектори за внатрешни работи во континуитет ги спроведуваат на патиштата низ земјава, вкупно беа издадени 2018 платни налози од кои што во најголем број, односно половината се однесуваат на прекршоците: непрописно паркирање 600, брзина на движење спротивна од пропишаната 256, како и управување на возило без возачка дозвола 204 прекршоци.

Покрај овие прекршоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, исто така евидентирани беа подеднаков број прекршоци по основ на користење на мобилен телефон и некористење сигурносен појас при што санкционирани се по 117 учесници во сообраќајот, а пак дури 119 возачи на мотоцикли се санкционирани за неносење заштитна кацига. Во рамки на контролите деветмина возачи минале на црвено светло, изречени се 26 мерки возење под дејство на алкохол, а санкционирани биле и 25 пешаци.

По основ пак на Законот за возила од вкупно 67 возила отстранети од сообраќај, 24 биле технички неисправни, а 43 не биле регистрирани.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk