Home » 20-годишен гостиварчанец не застанал на полиција па при бегство фрлил автоматска пушка

20-годишен гостиварчанец не застанал на полиција па при бегство фрлил автоматска пушка

by Журнал.мк

20-годишен жител на Гостивар додека бегал од полицијата со својот автомобил фрлил автоматска пушка.

„На 06.11.2024, околу 23:50 часот, 20-годишниот Л.Ј. од Гостивар бил лишен од слобода по опасна потера со полицијата. За време на бегството, додека се движел со своето возило мерцедес со гостиварски регистарски ознаки, Л.Ј. фрлил автоматска пушка со рамка во која имало два куршуми од прозорецот на возилото. Пушката била пронајдена и одземена од полицијата“, велат од МВР.

Момчето било задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе следи пријава по член 396 од Кривичниот законик. Полициските власти продолжуваат со истрагата за утврдување на сите околности на инцидентот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk