Home » 1999 НАБЉУДУВАЧИ за изборите од нив 770 СЕ СТРАНСКИ

1999 НАБЉУДУВАЧИ за изборите од нив 770 СЕ СТРАНСКИ

by Журнал.мк

Двојните избори утре, вториот круг за претседател и парламентарните избори ќе ги следат вкупно 1999 набљудувачи, преведувачи и странски новинари. Акредитирани се 1.078 домашни набљудувачи, потоа 770 странски набљудувачи. Вообичаено за меѓународните мисии е ангажирање на преведувачи, овој пат нивниот број е 85.

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР има акредитирано 410 набљудувачи и 14 експерти, а од домашните, најмногубројни, или 752 набљудувачи се ангажирани од Здружението за развој на општествено-социјални иновации „Вејк ап“.

Изборите ќе ги следат и 138 набљудувачи од Парламентарното собрание на ОБСЕ, ад хок комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа со 33 набљудувачи, и 68 набљудувачи од Амбасадата на САД во Скопје.

Интерес има и кај медиумите, според ДИК за известување од изборите, акредитирани се 66 странски новинари.

Најголем е бројот од балкански и регионални медиуми, но и од Ројтерс, Асошиејтед прес, Ал Џезира, Франс прес.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More