4.8 C
Skopje
Tuesday, January 31, 2023

193 казни за брзо возење

Најчитани вести

Во текот на вчерашниот ден (19.01.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 193 возачи.

Од нив 21 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа 38 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 155 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести