Home » 19 годишната Александра за жал ја загуби битката со пеколната болест

19 годишната Александра за жал ја загуби битката со пеколната болест

by Журнал.мк

Александра Петковиќ (19) од Србија почина по тешка битка со малигнен тумор на карличните коски.

-Сонот на една млада девојка остана неостварен. Патувај со ангелите, Александра. Искрено сочувство до семејството – стои под фотографијата на Александра што ја сподели Фејсбук групата „Спаси нечиј живот“.

Потсетуваме, првите симптоми на Александра се појавија во август 2023 година во вид на оток во пределот на десниот зглоб, по што со ПХ анализата беше потврдена дијагнозата на малигнен тумор на карличната коска.

Итно е започнато хемотерапевтско лекување во два циклуса, со што телото на Александра не можеше да се справи, третманот беше прекинат, а болеста беше во значителна прогресија. Лекувањето беше продолжено со лекот Вотриент, но тоа беше скапа терапија која бара значителни финансиски средства, кои семејството не можеше самостојно да ги обезбеди.

Како што е наведено на веб-страницата на Фондацијата „Биди хуман“, собрани биле средства за продолжување на лекувањето, потребните терапии и лекови.

Пријателите и цела Србија се збогуваат со храбрата девојка на социјалните мрежи.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More