29.8 C
Skopje
Saturday, May 21, 2022

19 најчести симптоми на омикрон

Најчитани вести

Студијата ги откри 19-те најчести симптоми на омикрон со плус неколку кои „излегуваат“ од вообичаената рамка.

Видот делта на коронавирус означи промена на симптомите на Ковид 19 во однос на „класичните“ симптоми како треска, кашлица и губење на вкус или мирис, според апликацијата ZOE Covid Study.

Симптомите слични на настинка станаа почести кај делта соевите, а кај омикрон трендот само продолжи, рече професорот Тим ​​Спектор, ко-креатор на апликацијата.

Спектор вели дека знаците на омикрон може да се движат од течење на носот до магла во мозокот и болка во очите откако вирусот еволуирал.

Апликацијата ZOE ги следи симптомите на ковид од март 2020 година, собирајќи 480 милиони извештаи.

„Важно е да се запамети дека иако делта и омикрон може да изгледаат како настинки кај многумина од нас, тие исто така можат да предизвикаат долготрајни симптоми кои ќе го попречат нашиот секојдневен живот, особено кај луѓе кои не биле вакцинирани или се имунокомпромитирани“, рече Тим Спектор.

Истражувачите од Кралскиот колеџ во Лондон ги споредиле податоците од периодот кога делтата била главната варијанта во октомври со извештаите во декември кога омикронот почнал да се шири и не откриле никаква разлика помеѓу симптомите на делта и омикрон.

Сепак, некои симптоми се почести кај омикронските инфекции, а Спектор ги претстави 19-те најчести симптоми на омикрон сојот:

  • Течење на носот
  • Главоболка
  • Замор
  • Кивавица
  • Воспалено грло
  • Постојана кашлица
  • Рапав глас
  • Треперење
  • Треска
  • Вртоглавица / слабост
  • „Мозочна магла“
  • Губење мирис
  • Болка во очите
  • Невообичаена болка во мускулите
  • Губење на апетит
  • Губење на мирис
  • Болка во градите
  • Отечени жлезди
  • Депресивно расположение

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com