20.8 C
Skopje
Tuesday, September 28, 2021

19- годишна девојка со автомобил удрила во пешак- две лица префрлени во кумановската болница

Најчитани вести

Куманово, 14 ноември- Вчера во кумановско Липково, 19- годишна девојка со автомобил удрила во пешак, по што пешакот и сопатникот во автомоблот биле повредени и пренесени во кумановската болница.

Според пријавеното вчера наутро околу 08.50 часот во село Оризаре, општина Липково, на регионалниот пат Липково – Куманово, Е.Е.(19) од село Отља, општина Липково, управувајќи патничко возило „даихатсу“, со кумановски регистарски ознаки, удрила во пешакот А.Р.(23) од село Лојане, општина Липково.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, додека со телесни повреди се здобил Ј.Е, сопатник во возилото.

Тие биле пренесени во болницата во Куманово за укажување на лекарска помош.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Куманово.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com