Home » 184 сообраќајни прекршоци на територија на градот Скопје, 55 од нив за брзо возење

184 сообраќајни прекршоци на територија на градот Скопје, 55 од нив за брзо возење

by Журнал.мк

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (22.02.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 184 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 55 санкции, 32 мерки за недавање предност на пешаци, 22 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.

Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за возење без возачка дозвола, пет за возач почетник, 46 за непрописно паркирање.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More