25.8 C
Skopje
Thursday, July 7, 2022

180 сообраќајни прекршоци во Скопје

Најчитани вести

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 180 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 12 санкции, 44 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, 12 мерки за возење без возачка дозвола.

Изречени се 11 мерки за користење на мобилен телефон, седум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за возење под дејство на алкохол, девет мерки за недавање првенство на минување на пешаци, шест санкции за некористење сигурносен појас.

Засилените акциски контроли продолжуваат.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com