145
Осумнаесетгодишна девојка од Скопје била пријавена за исчезната од нејзиниот невенчан сопруг од Куманово.
– На 26.06.2024 во 12.00 часот во СВР Куманово С.Р.(20) од Куманово пријавил дека од домот се оддалечила неговата невенчана сопруга М.Х.(18) од Скопје, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.