Home » 1,8 милијарди денари вреден Оперативен план за вработување за 15.000 лица, ветува СДСМ

1,8 милијарди денари вреден Оперативен план за вработување за 15.000 лица, ветува СДСМ

by Журнал.мк

Владата предводена од СДСМ го усвои оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2022 година, вели СДСМ.

„Оперативниот план вреден 1,8 милијарди денари ќе обезбеди вработување за речиси 15.000 лица.
Планот предвидува програми, мерки и услуги за вработување, кои ќе обезбедат создавање нови работни места, зголемување на вработливоста на невработените лица, пред се на на младите, долгорочно невработените и корисниците на право на парична помош од социјална заштита, како и поддршка на невработените лица на кои им престанал работниот однос во текот на пандемијата.

СДСМ преку ефикасни мерки и политики обезбедува континуирано намалување на стапката на невработеност до историски најниско ниво и повисок животен стандард за граѓаните и во време на криза“, се вели во соопштението.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More