-2.1 C
Skopje
Wednesday, January 20, 2021

175 милиони долари воена помош за балтичките држави од САД

Најчитани вести

САД планираат да обезбедат 175 милиони американски долари воена помош на балтичките држави Естонија, Латвија и Литванија во 2020 година, соопшти естонското Министерство за одбрана.

Сите три земји се членки на НАТО и граничат со Русија.

Министерството за одбрана на Естонија соопшти дека покрај вкупната воена помош од 125 милиони долари, Вашингтон за првпат троши 50 милиони американски долари за зајакнување на воздушните одбранбени способности на трите балтички држави, што многу експерти сметаат дека е слаба алка во нивната одбрана.

Крајната цел на американската воена помопш за Талин, Рига и Вилнус е засилување на „одбранбените способности на балтичките држави вклучително во воздух и ПВО“, се вели во соопштение од естонскиот министер за одбрана Јури Луик.

Трите држави се членки на НАТО од 2004 година.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести