Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (30.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 172 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција, 22 мерки за возење без возачка дозвола, 18 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.
Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за возење под дејство на алкохол, седум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл…
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.