20 C
Skopje
Friday, May 14, 2021

17 милиони долари отштета на жртвите на „холивудскиот предатор“! Повеќе од 50 жени добиле околу 500.000 долари!

Најчитани вести

Американската судијка Мари Валрат одобри отштета од 17 милиони долари, која компанијата на Харви Вајнстин треба да им ја исплати на жртвите на сексуално вознемирување и силување извршено од познатиот продуцент, кој сега го нарекуваат „холивудски предатор“.

Имено, „Компанијата Вајнштајн“ ќе издвои пари и ќе им ги пренесе на жртвите на Харви. Адвокатот на споменатата компанија ја потврди приказната и во понеделникот рече:

– Вистина е дека судијката Мари Валрат го одобри планот за спогодување на рочиштето денес – рече адвокатот Пол Зумбро. Тој додаде дека тие се „задоволни од пресудата на судијата Валрат, особено имајќи предвид дека сега постои механизам што им овозможува на жртвите да добиваат паричен надоместок за времетраењето на тужбата“.

„Судијата одобри план за компензација за жртвите на сексуално насилство извршено од Харви Вајнштајн во износ од 17 милиони долари“, рече Пол.

Исплатата од 17 милиони долари ќе биде поделена на повеќе од 50 жртви, пишуваат светските медиуми, така што секоја од нив поединечно треба да добие нешто повеќе од 500 000 долари.

Да потсетиме, Харви Вајнстин, поранешниот извршен директор на компанијата, беше осуден во март 2020 година на 23 години затвор под обвинение за сексуално злоставување и силување на неколку жени.

Тој сè уште се соочува со уште шест обвиненија за сексуално злоставување во Лос Анџелес. По поднесувањето на нови обвиненија во октомври 2020 година, неговата портпаролка рече:

Харви Вајнстин секогаш тврдеше дека сите негови физички средби во текот на неговиот живот биле консензуални. Тоа не се смени – рече тогаш.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести