16.8 C
Skopje
Monday, October 3, 2022

17 возачи казнети затоа што зборувале на мобилен телефон

Најчитани вести

Седумнаесет возачи се казнети затоа што зборувале на мобилен телефон додека возеле. Сообраќајната полиција вчера во Скопје изрече вкупно 169 казни, најголемиот број се за брзо возење.

На територија на град Скопје казнети се 29 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина, 11 лица се казнети затоа што немале возачка дозвола, а 15 санкции се изречени за недавање првенство на минување на пешаци.

Казнети се и 10 пешаци поради минување на улица на недозволено место или додека било вклучено црвено светло на семафорот за нив.

Изеречени се и казни за тројца сопственици на возила кои ги затемниле стаклата, четири мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, три санкции за возење под дејство на алкохол, тројца возачи се казнети затоа што поминале на црвено светло.

За непрописно паркирање напишани се 40 казни.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com