27.8 C
Skopje
Sunday, August 1, 2021

163 возачи во Скопје казнети за сообраќајни прекршоци

Најчитани вести

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 163 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 73 санкции, осум за возење без возачка дозвола, две казни биле изречени за технички неисправни и нерегистрирани возила, информира МВР.

Изречени биле и четири санкции за користење мобилен телефон, две за мининување на црвено светло и 47 казни за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од министерството за внатрешни работи и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести