Home » 16 годишно девојче е извлечено од увала во Струмица, пренесено е во болница со повреда на главата

16 годишно девојче е извлечено од увала во Струмица, пренесено е во болница со повреда на главата

by Журнал.мк

Девојче од 16 години кое паднало во увала во близина на манастирот Свети Илија над Струмица е извлечена, и во моментов се наоѓа во струмичката болница, информираа од Центарот за управување со кризи.

ЦУК информира дека повикот за спасување е добиен вечерва околу 20.30 часот на единствениот број 112 од мајката која јавила дека нејзината полнолетна ќерка е падната во дол во близина на манастирот Свети Илија над Струмица, дека има повреди на главата, но дека не ја знае точната локација.

Операторите ја смириле вознемирената мајка и ја посоветувале да ѝ јави на ќерката да се јави на бројот 112 со цел од ЦУК да се утврди нејзината точна локација. Ќерќата се јавила на 112, но иако самата не ја знаела локацијата, преку системот на 112 била лоцирана каде се наоѓа.

„Оперативците од Секторот за операции и координација од ЦУК итно ги известиле СВР Струмица, ТППЕ Струмица и Итната медицинска помош од Струмица. Сите посочени екипи веднаш излегле на терен, ја пребарале посочената локација и откако најпрво викајќи оствариле гласовен контакт со повреденото и исплашено лице набргу потоа успеале да ја најдат“, информираа од ЦУК.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More