19.8 C
Skopje
Wednesday, September 28, 2022

154 санкционирани возачи во Скопје, 40 за брзо возење

Најчитани вести

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (24.03.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 154 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 40 санкции, 12 санкции за возење без возачка дозвола, три санкции за некористење на сигурносен појас.

Изречени се три мерки за користење мобилен телефон, четири мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, 12 санкции за нерегистрирани возила, пет санкции за управување под дејство на алкохол.

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com