Home » 153 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев

153 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев

by Журнал.мк

Денеска се одбележуваат 153 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите.

Централното чествување по повод раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело и државност ќе биде во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, каде што цвеќе ќе положат премиерот Христијан Мицкоски, претставници на Собранието, делегации на други институции, на партии, граѓански здруженија,…

Поради одбележувањето, ќе биде воведен посебен сообраќаен режим околу црквата „Св. Спас“. За сообраќај ќе биде затворена ул.„Самоилова“ на потегот од ул.„Иљо Војвода“ до крстосница со ул.„Прохор Пчински“.

Роденденот на Гоце Делчев ќе биде одбележан и во Штип. Пред спомен – бистата во дворот на Ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Ново Село ќе биде положено цвеќе, по што беседа за македонскиот револуционер ќе одржи проф. д-р Ана Витанова – Рингачева, а предвиден е настап на Академски хор на Музичка академија при УГД – Штип и Универзитетскиот ансамбл „Македонија“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk