9.8 C
Skopje
Sunday, October 17, 2021

150 сообраќајни прекршоци во Скопје

Најчитани вести

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 150 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 24, 11 санкции за непрописно престигнување и обиколување, 24 за возење без возачка дозвола, седум санкции за нерегистрирани возила.

Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, девет прекршоци што ги чинат пешаците, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 37 мерки за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com