Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција во Скопје казни 15 возачи кои поминале на црвено светло на семафорот. При запирањето на возила, откриени се 12 возачи кои немале возачка дозвола.
МВР информира дека на територија на град Скопје изречени се вкупно 156 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина седум санкции, четири мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, седум санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла)…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредуваат од МВР и апелираат да се почитуваат сообраќајните правила и прописи.