Home » 14-годишно дете од Битола ненадејно починало на ливада додека си играло

14-годишно дете од Битола ненадејно починало на ливада додека си играло

by Журнал.мк

Момче од Битола на 14 годишна возраст, ненадејно починало додека вчера со другарчиња си играло на ливада, во атарот на селото Крстоар, близу Битола.

Станува збор за момче, осмоодделенец од ОУ „Коле Канински“ во Битола, за кое наставници од училиштето велат дека претходно немало видливи здравствени проблеми.

Според кажувања на родители чии деца биле присутни на забавата, момчето, наводно било гостин на роденденска прослава кај свое другарче и попладнето во еден момент додека си играле на ливадата, во близина на Крстоарски манастир, со останатите деца, му се слошило и паднало на земја. Веднаш била повика итна медицинска помош, но здравствената состојба била тешка.

СВР – Битола информира дека настанот се случил – „вчера во 16.45 часот во СВР Битола, од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 15.30 часот во атар на село Крстоар, Битолско, на малолетник од Битола му се слошило и паднал по што бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде што лекар констатирал смрт без траги на насилство“, информира полицијата.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More