Владата на Словенија реши да го прогласи понеделник, 14-ти август, за Ден на солидарноста. Граѓаните ќе добијат слободен ден за да помогнат во санирањето на последиците од поплавите. Трговско-индустриската комора на Словенија ја критикуваше ваквата одлука, наведувајќи дека ќе создаде дополнителни трошоци.
Поплавите што ја погодија Словенија се прогласени за најголема природна катастрофа во земјата. Две третини од државата се уништени, многу луѓе останаа без домовите, а шест лица загинаа.