Home » 13-годишно момче го загуби животот во судир со мопед

13-годишно момче го загуби животот во судир со мопед

by Журнал.мк

Трагедија во прилепско. Тешка сообраќајна несреќа во село Лажани вчераутро го потресе регионот. 13-годишно момче го загуби животот при судир на два мопеди управувани од малолетници. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила вчера околу 08:50 часот, а животот го изгубило момче од истото село.

Во оваа трагедија во прилепско, учествувале два мопеда без регистарски таблички. Едниот марка „Бенели“, а другиот „Пежо“. Нив ги управувале 13-годишниот загинат малолетник и 14-годишно момче, исто така од село Лажани. За жал, младото момче подлегнало на повредите. Смртта ја констатирал лекар од Градската болница во Прилеп.

Од полицијата информираат дека вториот учесник во несреќата се здобил со тешки телесни повреди. За среќа не се наоѓа во животна опасност. Инцидентот веднаш бил пријавен во Полициската станица Прилеп, а на местото на настанот бил извршен увид од страна на јавен обвинител и полициска екипа. Телото на починатото момче е предадено за обдукција.

Оваа трагедија го отвора прашањето за безбедноста во сообраќајот, особено кога станува збор за незаконско управување со моторни возила од страна на деца.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk