1.8 C
Skopje
Friday, January 27, 2023

13 лица се приведени, приредувале игри на среќа без лиценца

Најчитани вести

Вчера во периодот од 13:50 часот до 16:40 часот, полициски службеници од СВР Тетово, во содејство со УЈП и Државниот пазарен инспекторат, спровеле акциска контрола во објект без фирма на ул. Иво Рибар Лола во Тетово, во кој се приредувале игри на среќа без лиценца, при што од слобода биле лишени Ј.С.(33), Б.Б.(30), П.Ф.(49), Е.С.(23), А.А.(28), А.Р.(24), А.К.(26), М.С.(26), Б.Х.(20), Ш.Н.(22), Ј.К.(30), од Тетово, Гостивар, Мала и Голема Речица и С.О.(28) и О.Ј.(24), државјани на Република Турција.

Притоа, од страна на полициските службеници од одговорниот на објектот Б.Б.(30) била одземена компјутерска опрема, и тоа: 8 компјутери „ХП“, 2 лаптопа „ацер“, 8 ливчиња со упатства на турски и англиски јазик, 1 полнач за компјутери и 1 мобилен телефон.

По документирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок, поради сомнение за сторено кривично дело приредување игри на среќа без лиценца, односно дозвола од државен орган, казниво по член 156 од Законот за игри на среќа и забавни игри, информираат надлежните.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести