27.8 C
Skopje
Friday, July 30, 2021

13 и 14 годишни деца ја силувале жената од Струмица, а потоа ладнокрвно ја задавиле

Најчитани вести

Полицијата со детали околу убиството на 67-годишната жена од Струмица, приведени се тинејџери, едниот на возраст од 13, другиот на возраст од 14 години. Во просториите на СВР Струмица, во присуство на педагог од Центарот за социјални работи Струмица, родител и адвокат, извршен е службен разговор со осомничените, при што целосно е расчистено кривичното дело, а малолетниците со соодветен поднесок се предадени во Oсновното јавно обвинителство и во Центарот за социјални работи во Струмица, за понатамошна постапка согласно законската регулатива.

-По добиено оперативно сознание во СВР Струмица дека вчера во куќа во Струмица се извршени кривични дела разбојништво и силување, а врз основа на наредба од Основен суд Струмица, извршен е претрес во куќа на ул. „Балканска” во Струмица, каде е пронајдена мртва Д.М. (67). Преземени се мерки за расчистување на случајот и извршена е обдукција по наредба на јавен обвинител, при што е утврдено дека смртта настанaла по насилен пат, поради задушување. Поради основано сомнение дека се извршители на кривично дело „Убиство”, казниво по член 123 од КЗ, на 19.02.2021 година, најпрво, во Гевгелија е лишен од слободамалолетник (13 години), а потоа во Струмица малолетник (14 години), соопшти МВР.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести