Home » 120 сезонски работници во „Комунална хигиена“, во борба со сметот во Скопје

120 сезонски работници во „Комунална хигиена“, во борба со сметот во Скопје

by Журнал.мк

120 сезонски работници на комунална хигиена во наредните денови ќе треба да се ангажираат за чистење на градот. Ова вчера го одобри Советот на град Скопје, но до кога ќе се чисти Скопје од ѓубре со овие работници се очекува да се види во наредните денови.

Граѓаните велат дека Скопје не памети дека некогаш било во ваква состојба. Ѓубре на секое ќоше, преполни контејнери, но и инвентар околу контејнерите и пред се смрдеа во многу скопски населби.

„Ситуацијата е катастрофа, лошо е. Има многу нечистотија, видете овде што е. Се сеќавате ли на Скопје вака со ѓубре некогаш? Не, никогаш“, рече Граѓанин.

„Не знам што да кажам, гледате, што да кажам. Тешко е затоа што вака не беше никогаш, но сега никому не му е грижа“, додаде еден Граѓанин.

Критика и за несовесните граѓани кои фрлаат ѓубре насекаде.

Во Советот на град Скопје вчера беше одобрен предлогот за вработување на 120 сезонски работници во комунална хигиена кои ќе треба да се занимаваат со чистење на отпадот во главниот град. Советот на Скопје, пак, го отфрли предлогот за проектот „Воведување брз градски превоз во градот Скопје познат како БРТ“, а исто така не го изгласа предлогот за набавка на 250 еколошки автобуси што предизвика долги дебати.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More