17.8 C
Skopje
Sunday, June 13, 2021

120 илјади евра за синот на Цеца: Сè е спремно за свадбата в недела

Најчитани вести

Фолк-ѕвездата Цеца Ражнатовиќ ќе ги плати речиси сите трошоци за свадбата на својот син Вељко и  снаата Богдана Родиќ, пренесоа српските медиуми. Иако родителите на Богдана инсистирале да платат дел од сметката за ресторанот за своите 150 гости, сепак наводно фолк-ѕвездата не дозволила.

Се зборува дека за подготовките околу свадбата се потрошени 120.000 евра.

Во цената е вклучен превоз за членови на семејството од Белград до Тител, каде што живее невестата, украсување и декорирање на просторот, трошоците за црковната венчавка, невестинската торта, двата фустани што ќе ги носи Богдана, ресторанот, музиката, накитот за невестата, поканите, бовчите за сватовите, костумот на младоженецот, „ролс-ројс“ лимузината со која ќе оди младоженецот по неговата идна сопруга, адетот за „купување“ на невестата, двата фустани на Цеца, како и костумот и фустанот на Анастасија, но и реновирањето на вилата во Љутице Богдана, каде што младите ќе живеат по венчавката.

„Цеца го жени за својот син и сака да плати апсолутно сè, а трошоците воопшто не се мали. Бидејќи ќе има 500 поканети, Цеца сакаше да го плати ресторанот и за гостите од страна на невестата, но родителите на Богдана сакаа и тие да учествуваат, така што ќе ги платат трошоците за 150-те нивни гости, а за останатите 350 гости ќе плати Цеца. Затоа, ресторанот со најскапото мени само Цеца ќе ја чини 35. 000 евра“ – вели извор близок до пејачката.

Тој додава и дека: „Ангажирана е агенција за украсување простории. Куќата на Цеца, како и ресторанот ќе бидат украсени со најубави природни цвеќиња, додека во салата ќе бидат поставени и дрвца. Сè е дизајнирано амбиентот да биде прекрасен, а цената за декорацијата изнесува 30.000 евра. Пејачката неодамна имаше и реновирање во куќата, кое чинеше околу 3.000 евра. Од семејниот дом, таа организирала автобус за да ги однесе во Тител членовите на семејството на зетот, кои ќе одат да ја земат невестата, додека младоженецот изнајмил луксузен ‘ролс-ројс’ за 500 евра.

Цеца е горда што нејзината снаа изразила желба да ја облече венчаницата, но покрај тој фустан, ќе носи уште два. Специјално за невестата е креиран фустан, кој ќе има 30.000 кристали, чија цена е 10.000 евра, додека другиот е покласичен и чини 5.000 евра“ – вели нашиот соговорник.

Бидејќи Вељко и Богдана ќе ги венча свештеникот во Храмот Свети Сава, Цеца ќе учествува со донација на храмот.

„Цеца ќе донира 5.000 евра. Трошоци има и за костумот на Вељко, кој тој го купил во странство за 20.000 евра, но и двата фустани на Цеца од 10.000 евра и костумот на Анастасија од 2.500 евра, како и фустанот од 3.000 евра. Исто така има подготвено и накит за невестата од 15.000 евра, како и бовчи за нејзините родители од по 2.500 евра “ – вели изворот близок до фолк-дивата. Текстот 120 илјади евра за синот на Цеца: Сè е спремно за свадбата в недела е превземен од Reporter.mk.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести