Home » 12 години од смртта на првиот претседател на современата македонска држава, Киро Глигоров

12 години од смртта на првиот претседател на современата македонска држава, Киро Глигоров

by Журнал

Денеска навршуваат 12 години од смртта на првиот претседател на современата македонска држава, Киро Глигоров.
Со длабока почит се сеќаваме на великанот Глигоров кој ја предводеше нашата земја во време на големи предизвици и промени, и кој со својата несебична служба кон нацијата и заложба за Македонија како безбедна, напредна и европска држава во семејството на европските демократии, ја претставува енциклопедијата на македонската државност.
Неговото лидерство, истрајност и визија беа клучни во формирањето на нашата демократија, државник кој со мудрост и умереност ги водеше преговорите за независноста на државата, демонстрирајќи дипломатска вештина и останувајќи цврст во барањето за мирен и достоинствен преод кон суверенитет. Тој останува симбол на стремежот кон европска иднина и единство на македонскиот народ.
На овој ден се потсетуваме на таа непоколеблива посветеност кон нашата земја, за неговиот придонес кон изградбата на нашите институции и за вербата во принципите на демократијата и правната држава. Неговото наследство инспирира и служи како компас во нашите современи напори за напредок и развој.
Нека ликот и делото на Киро Глигоров останат во вечно сеќавање на македонскиот народ!
Слава му! 🇲🇰

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More