Полицијата во Скопје вчера изрече вкупно 113 мерки во рамките на засилените акциски контроли од областа на сообраќајот. Од нив 41 се за возење повеќе од дозволената брзина, 11 за возење без возачка дозвола и четири за возење под дејство на алкохол.
Исто така, изречени се пет мерки за користење мобилен телефон, три за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), три за возач почетник, како и 30 за непрописно паркирање.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, а МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.